Menu

Новости

Насловна

Технолошко-техничкиот факултет во Велес доби нови простории. Студентите и професорите од денес, ќе имаат услови за учење и предавање како и нивните колеги од другите факултети.

„Бројот на запишани студенти на двете студиски програми, нутриционизам, и прехрамбена технологија и биотехнологија, го оправда верувањето дека има интерес кај младите за студирање на програми кои не беа застапени во Република Македонија. Понудената можност за овие студии беше одлично прифатена и со што студентите и професорите добиваат услови какви што и заслужуваат“.

Првите предавања на Технолошко-техничкиот факултет во Велес се одржани во просториите на поранешното училиште „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“, каде биле потстанари. Денеска факултетот доби современ објект во дел од поранешниот хотел „Вила Зора“ кој е комплетно реновиран и кој ги задоволува сите критериуми за работа и образование, со четири предавални, три лаборатории, сала за информатика, сала за состаноци, простории за професорскиот и административниот персонал.

ОГЛАСНА ТАБЛА КИЧЕВО

ОГЛАСНА ТАБЛА БИТОЛА

ОТ МАГИСТЕРСКИ СТУДИИ

Е-сервиси за студенти

iKNOW

Е-курсеви

moodle

ОГЛАСНА ТАБЛА ВЕЛЕС

 Copyright © Технолошко-Технички Факултет Велес