Е-уписи на студенти

        Ве информираме дека Министерството за образование и наука  соработка со Европската комисија организира Инфо ден на 15.09.2017 година во Македонската академија на науките и уметностите за Програмата на Европската унија - COST   (соработка во науката и технологијата).
 
         Оваа програма овозможува креирање на интердисциплинарни истражувачки мрежи во Европа и пошироко. Се обезбедуваат фондови за организирање конференции, средби, обуки, кратки размени како и други активности во широк спектар на научни дисциплини и теми. Програмата е отворена за луѓе со нови идеи на многу едноставен и пристапен начин.
 
          Ве покануваме да присуствувате на овој настан и да се информирате за можностите кои ги нуди оваа програма. 
 
Регистрацијата за учество е преку следниов линк: 
https://goo.gl/forms/XmsGQ9zdE9sexhdi1
 
Во прилог ви ја доставуваме и Агендата за настанот Cost Agenda

 

iKNOW moodle uklo Tempus mon   

Go to top